Бизнис Центар Скопје

Бизнис Центар Скопје

Локација: Општина Центар – Скопје, МК
Намена: Деловен објект
Површина: 5.120 м2
Година на изведба: Септември, 2022 – Декември, 2023

Деловната зграда „Бизнис Центар Скопје“ се наоѓа на атрактивна локација во строгиот центар на градот, на малиот плоштад Јадран, веднаш до Плоштад Македонија. Деловната зграда се состои од две подземни нивоа, приземје и седум ката со деловен простор. Објектот е целосно опремен со современи и економични системи за греење, ладење и вентилација, висококвалитетни електрични инсталации, противпожарни системи, како и безбедносни системи.