Станбено-деловен комплекс Гранд Скопје

Гранд Скопје

Локација: Општина Центар – Скопје, МК
Намена: Комплекс со мешана намена
Површина на градба: 110.000 м2
Година на изведба: Март, 2022
Статус: Во изградба

Кога говориме за иднината на зеленото домување, без сомнение прв за споменување е Проектот Гранд чија реализација започнува токму сега. Сакајќи да го направиме Скопје уште поубаво за живеење, а сепак, целосно да се насочиме кон градење на енергетско ефикасни објекти со минимално влијание врз животната средина, овој објект ќе биде новиот урбан простор кој со гордост ќе го претставува градот. Повеќе од сигурно е дека овој објект ќе го модернизира срцето на Центар, давајќи им многу можности на граѓаните за уживање во зелените површини и сите јавни содржини за сите возрасти.