Станбено-деловен објект Skopje City Tower

Skopje City Tower

Локација: Општина Карпош – Скопје, МК
Намена: Резиденцијален објект
Површина: 17.000 м2
Година на изведба: Март, 2011 – Октомври, 2013

Најавен како „Нов поглед на Скопје“, проектот Skopje City Tower донесе сосема нова и поинаква димензија на станбеното живеење во Скопје. Пронаоѓајќи ги сите аспекти на модерното и удобно живеење, Skopje City Tower предизвика огромен интерес кај младите за домување во еден од најурбаните станбени проекти во градот. Лоциран до атрактивниот трговски центар Skopje City Mall, со совршен поглед и достапност на бројни градинки и училишта во околината, објектот Skopje City Tower со право беше прогласен за еден од највпечатливите во Скопје, а продажбата на станови беше прогласена за завршена за исклучително кратко време.