Управна зграда на ProCredit Banka
ПроКредит Банка
Локација: Општина Карпош Скопје, МК
Намена: Деловен објект
Површина: 6.100 м2
Година на изведба: Декември, 2014 – Мај, 2016
Самиот факт што централната зграда на Прокредит Банка во населба Карпош е првиот објект во Македонија што добил меѓународен сертификат EDGE кој се доделува на објекти целосно изградени со користење на енергетско ефикасни материјали и опрема, доволно говори за важноста и големината на истиот. За разлика од сето она што досега сме го виделе како класичен објект на институција од ваков објект, Управната зграда на Прокредит Банка беше вистинско динамично освежување и една сосема нова димензија на банкарското работење и уживање во истото. Со сосема отворени и светли канцеларии, како и надворешен дел за оддишка, објектот на банката без сомнение е еден од највпечатливите и најурбаните во градот.
English