MGF RETAIL

М.Г Фешн е компанија која повеќе од 15 години е застапник на некои од најпознатите светски брендови чии франшизи ги поседува, а колекциите од истите можат да се најдат во продавниците на компанијата меѓу кои и Mango, Boss, Dan Joh како дел од групацијата Fashion group.

Покрај физичките продавници, компанијата последниве три години се насочи и кон онлајн продажбата која се покажа како доста успешна и потребна, особено во новонастанатите услови на пандемија.

Од самиот почеток на фунционирање на онлајн продажбата, компанијата работи со еко – одговорни компании и сериозно се стреми кон целосно насочување на еко – достава на сите пратки, како и имплементација на планот за соработка за вклучување на електрични возила, тротинети и велосипеди во заедничка акција за целосна заштита на животната средина.

MGF RETAIL
BRANDS