Mango

…Го инспирираме светот споделувајќи ја нашата пасија за Медитеранскиот стил и култура.

Вака некако почнува приказната на омилениот бренд на многу софистицирани дами, кои пред точно 35 години се вљубија во уникатните парчиња што беа сосема соодветни за сите нивни пригоди. Вкусот и љубовта кон она што се нарекува убав живот и сите детали што тој ги носи со себе, дизајнерскиот тим на Mango секогаш успева на совршен начин да го вметне во секоја нова колекција што освојува одново. Она што особено радува е што брендот во последните години, се посвети на создавање на парчиња од одржливи материјали, а во следниот период планира 100% од производството да биде изведено на овој начин. Сакајќи сите да се почувствуваат уникатно во она што го носат, сите три колекции на брендот се совршено олицетворение на миксот од традиционалната класика и новите трендови како нешто што публиката секогаш го обожува.