Трговски центар Skopje City Mall
Прв од својот тип во Македонија, трговскиот центар Skopje City Mall и неговото отворање во 2012 – тата година беа вистинска сензација составена од исклучителна градба и фантастичен дизајн. Давајќи му една сосема поинаква димензија на просторот каде беше изграден, овој трговски центар донесе нов живот по многу основи, меѓу кои најважната, голем број на нови работни места. Речиси десет години подоцна, трговскиот центар сè уште е еден од најпосетените како резултат на големиот избор на продавници за сечиј вкус, но и останатите можности за забава и уживање за целото семејство.
Станбено-деловен објект Skopje City Tower
Најавен како „Нов поглед на Скопје“, проектот Skopje City Tower донесе сосема нова и поинаква димензија на станбеното живеење во Скопје. Пронаоѓајќи ги сите аспекти на модерното и удобно живеење, Skopje City Tower предизвика огромен интерес кај младите за домување во еден од најурбаните станбени проекти во градот. Лоциран до атрактивниот трговски центар Skopje City Mall, со совршен поглед и достапност на бројни градинки и училишта во околината, објектот Skopje City Tower со право беше прогласен за еден од највпечатливите во Скопје, а продажбата на станови беше прогласена за завршена за исклучително кратко време.
Самиот факт што централната зграда на Прокредит Банка во населба Карпош е првиот објект во Македонија што добил меѓународен сертификат EDGE кој се доделува на објекти целосно изградени со користење на енергетско ефикасни материјали и опрема, доволно говори за важноста и големината на истиот. За разлика од сето она што досега сме го виделе како класичен објект на институција од ваков објект, Управната зграда на Прокредит Банка беше вистинско динамично освежување и една сосема нова димензија на банкарското работење и уживање во истото. Со сосема отворени и светли канцеларии, како и надворешен дел за оддишка, објектот на банката без сомнение е еден од највпечатливите и најурбаните во градот.
Управна зграда на A1 Македонија
Говорејќи за динамичен и целосно корисен простор кога станува збор за работна атмосфера, Управната зграда на телекомуникацискиот оператор А1 дефинитивно е олицетворение на она во што секој вработен би уживал. Со целосно осветлени канцеларии, многу можности за организирање настани и состаноци, како и соби за релаксација, овој деловен простор важи за еден од омилените во градот. Следствено, со оплеменување на просторот, операторот доби многу нови задоволни клиенти и вработени како стожер на успехот за секоја една компанија.
Станбено-деловен комплекс Проект Гранд
Кога говориме за иднината на зеленото домување, без сомнение прв за споменување е Проектот Гранд чија реализација започнува токму сега. Сакајќи да го направиме Скопје уште поубаво за живеење, а сепак, целосно да се насочиме кон градење на енергетско ефикасни објекти со минимално влијание врз животната средина, овој објект ќе биде новиот урбан простор кој со гордост ќе го претставува градот. Повеќе од сигурно е дека овој објект ќе го модернизира срцето на Центар, давајќи им многу можности на граѓаните за уживање во зелените површини и сите јавни содржини за сите возрасти.