Boss

Сè е во она како го носиш парчето, па секогаш нека биде на твој начин!

Токму ова е совршеното мото што го опишува најсофистицираниот бренд во нашата групација, секогаш полн колекции кои се одраз на одмерениот маж и сите негови потреби. Преку совршено скроените парчиња, создадени за целосно уживање, модерните мажи се движат низ секојдневието барајќи ја среќата, освојувајќи ги новите предизвици, уживајќи во секој еден момент што животот го носи со себе. Секогаш грижејќи се за убавините овозможени од природата, брендот целосно се насочува кон мотото ДЕНЕС.УТРЕ.СЕКОГАШ, користејќи дури 86% памук од одржливи ресурси при изработката на култните парчиња. Токму поради ова, Boss е еден од омилените брендови чии парчиња секогаш се на прво место кога ќе помислиме на убавите пригоди во животот, но и на зачувување на природата како единствена иднина за младината.